Денска на програмата во германската Бундес лига стандарно се играат два натпревари, но еден од нив е одложен. Станува збор за натпреварот помеѓу Борусија Менхенгладбах и Келн, кој е одложен поради силно невреме.

Германија е зафатена од бурата наречена Сабина , па лигата одлучи дуелот да биде одложен.

„Олдуката беше донесена по детална анализа на временските услови ова утро. Датумот за одигрување на натпреварот не е познат“- стои во соопштението на Борусија Менхенгладбах.

Вториот натпревар  денеска го играат на „Алијанз Арената“ Баерн Минхен и Лајпциг.