Џанлуиџи Бугфон кариерата ја започна во 1995 година и многумина веќе со години се прашуваат до кога ќе трае. Во неколку наврати најавуваше пензија и секогаш се предомислуваше. Актуелниот договор со Јувентус го врзува до крајот на оваа сезона, но тоа не значи дека тогаш ќе стави крај на кариерата.

„Во главата имам поставен датум за крај на кариерата, последна можна точка. Тоа е јуни 2023 година“– вели еден од најдобрите голмани во историјата, како и поранешен светски првак со Италија и освојувач на голем број трофеи со Јувентус.

Доколку навистина замина во 2023 година во пензија, тогаш ќе има 45 години.

„Постои можност кариерата да ја завршам и за четири месеци. Наулив дека во животот ништо не е сигурно“- додава Буфон, свесен дека Јувентус можеби нема да го продолжи договорот со него.

Буфон оваа сезона бранеше на 10 натпревари, прими пет гола, а шест меча ги заврши со чиста мрежа.