ПСЖ е заинтересиран во своите редови да го донесе Алжирецот од редовите на Манчестер Сити, Ријад Марез.

30 годишникот го загуби местото во првиот тим, што предизвика незадоволство кај него.

ПСЖ внимателно ја следи ситуацијата и незадоволството на Марез, па спрема понуда за да го донесе во Париз.

Марез има договор со Сити до 2023 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот. Поради тоа „граѓаните“ нема да се противат на негова продажба и се спремни да слушнат понуди.

Марез не крие дека има желба да се пресели во ПСЖ, каде го гледаат како замена за Мбапе, кој најверојатно на лето ќе го напушти клубот.