Швеѓанецот Дејвид Линде, кој е голем фан на Тотенхем, откако во сезона 2018/19 неговиот клуб се пласираше во финалето на Лигата на шампионите, реши да си го смени името во – Тотенхем.

Но, наиде на административни проблеми, откако шведската даночна управа одби да му го прифати новото име и да внесе измени во неговата даночна карта.

Тоа не го обесхрабри Линде и тој поднесе апелација, која ја доби и со тоа и официјално стекна право името Дејвид да го смени во Тотенхем.

Го чекав тоа, знаев дека ќе дојде и овој ден. Но, помина многу време и во еден момент се уплашив дека нема да успеам во својата намера“, изјави Тотенхем за ESPN.