Мохамед Салах и Андрју Робертсон нема да бидат дел од составот на Ливепрул за викенд пресметката со Кристал Палас во Премиер лигата.

Двајцата играчи не беа дел од своите репрезентации поради иста повреда на скочниот зглоб но и покрај паузата, не успеале да се рехабилитираат на време. За дуелот со Кристал Палас се враќаат Гомез и Шакири но овие двајца најверојатно ќе бидат на клупата за резерви.

Ливерпул по 12 комплетирани кола е лидер на табелата со предност од осум бода во однос на Манчестер Сити.