Ѕвездата на Ливерпул и за многумина најдобар играч на светот во овој момент, Мохамед Салах, засега игра неверојатна сезона, вечерва запиша хет-трик против Јунајтед.

Во 11 натпревари Египќанецот постигна 15 гола и е прв играч во историјата на Ливерпул кој успеал да ја тресе мрежата на десет натпревари во серија. Тој го го коментираше мислењето на многумина дека е најдобар играч на светот.

„Одлично звучи, но тоа е работа на мислење. Не можам да кажам дека сум најдoбар на свет. Некои така мислат, некои различно. Секогаш имаш амбиција да бидеш најдобар, не можам да лажам за тоа. Тоа е нешто што ме мотивира да работам напорно и да бидам најдобрата верзија од себе. Јас во својата глава сум најдобар на свет, се трудам да ја задржам големата самодоверба“- изјави Салах.