Јирген Клоп може да здивне барем кога е во прашање иднината на Мохамед Салах во црвениот дрес. Напаѓачот на Ливерпул одлучил дека ова лето нема да го менува клубот и покрај понудите од Јувентус, Реал Мадрид и ПСЖ за трансфер кој ќе му донесе значително поголема неделна плата.

Салах решил дека сака во престојната сезона да му помогне на Ливерпул во битката за титулата во Премиерлигата а потоа да размисли за неговата иднина на „Енфилд“.

Според последните шпекулации од Шпанија, на ваков чекор не е подготвен Мане кој има можност до крајот на август да се пресели во Реал Мадрид доколку двата клуба се договорат околку трансфер оштетата.