Најдобриот играч на Ливерпул, Мохамед Сахал преку неговиот агент испратил порака до раководство на клубот.

Додека траат преговорите за нов договор, напаѓачот решил да постави удтиматум, плата од половина милион фунти неделно, или следното лето ќе си замине.

Салах има договор со Ливерпул до јуни 2023 година со плата од 220 000 фунти неделно, а неговата желба е да биде најплатен во Англија и да стави потпис на четиригодишна соработка.

Салах игра за Ливерпул од 2017 година, досега на 154 натпревари постигна 105 голови.