Мохамед Салах во разговор за Скај Спорт пред утрешното дерби меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд, ја коментираше ситуацијата со својот договор.

Моменталниот договор го врзува со Ливерпул до 2023 година, но често се поврзува со бројни европски великани, посебно Реал Мадрид и Барселона. Откри се уште не е во никакви преговори за продолжување на договорот, но и понатаму сака да победува со Ливерпул.

„Се уште не сум разговарал со никого, така што не можам ништо да кажам, Никој од клубот не ми се обратил, не знам што ќе биде, но сакам повторно да ја освојам Премиер лигата и Лигата на шампионите. Да победувате е одлична работа и сакам да го правам повторно. Дел од нашата работа е да освојуваме трофеи“– вели Салах.