Мохамед Салах во разговор за Скај Спорт пред денешното дерби меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд, ја коментираше и очајната сезона на клубот.

Ливерпул игра многу слаба сезона. На пет кола пред крајот се шести на табелата во Премиер лигата, а четвртиот Челзи му бега четири бода. Според моменталната ситуација, се чини дека тимот на Клоп ќе остане без Лига на шампиони следната година.

„Тешко е. Притисокот е се поголем и поголем и се потешко се чувствуваме како да мораме да победуваме на секој меч. Но, мислам дека можеме да одиме меч по меч и да се фокусираме на следниот, а не да размислуваме за преостанатите четири.“

Следна е дербито на Олд Трафорд. Двата тима ќе бидат силно мотивирани во најголемото англиско дерби.

„Натпреварот со Манчестер Јунајтед е голем и целиот свет го чека. Мислам дека и на Јунајтед многу му значи победата, како би не спречиле да игра во ЛШ. Го разбирам тоа, но нам тоа ни е дополнителна мотивација“– порачува Салах.