Екипата на Салернитана со денешната победа против Пескара од 3-0 обезбеди и официјално враќање во Серија А по пауза од 22.години.

Пескара го загуби второлигашкиот статус по катастрофалната сезона, додека составот од Салерно со денешната победа му се приклучи на Емполи како повратници во Серија А.

Салернитана се враќа во елитата по 22 години, а интересно ќе биде да се види какви чекори ќе преземе Клаудио Лотито, бидејќи според правилата две екипи со ист сопственик не смеат да играат во иста лига.

Покрај Емполи и Салернитана екипите на Монца , Лече Венеција Цитадела Бреша и Киево ќе се борат за последното место кое води во Серија А.