На напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ му е потребно време да се докаже во кралскиот клуб, смета некогашниот десен бек на Реал, Мичел Салгадо.

Салгадо повика на трпение околу српскиот фудбалер, без оглед што тој се уште нема постигнато гол во дресот на мадридскиот гигант.

„Јовиќ е млад играч. Ако Реал го донесе, тоа значи нешто. Беше одличен во Ајнтрахт, даваше многу голови и покажа квалитет. Мора уште да учи, во Реал е голем притисокот и потребно му е време. Ќе го добие, сите знаеме дека е врвен напаѓач.“ – истакна Салгадо за Омниспорт.

Реал го донесе Јовиќ за 60 милиони евра и поради големите очекувања, но и цената, Србинот се најде на мета на критики во шпанските медиуми.