Откако медиумите од Италија најавија дека Јувентус подготвил 40 милиони евра за супер-талентот Ерлинг Халанд, од Салзбург потврдија дека засега нема официјална понуда на нивната адреса.

Тинејџерот го привлече вниманието на фудбалските гиганти од Европа со одличните игри во Лигата на шампионите па сега меѓу заинтересираните се Реал Мадрид, Јувентус, двата клуба од Манчестер и ПСЖ.

„Прочитав толку многу глупости по кој не ми преостанува ништо друго освен да се смеам.“ – изјави Кристофер Фројнд, спортските директор на Салзбург.

Халанд постигна шест гола на три натпревари во Лигата на шампионите на УЕФА.