Италијанскиот фудбалски шампион Јувентус остана без услугите на Сами Кедира до крајот на оваа календарска година.

Репрезентативецот на Германија ќе мора да прави операција на левото колено поради што ќе мора да паузира најмалку еден месец од тимот на „Старата Дама“.

Операцијата е закажана за утре а ќе се изврши во Аугзбург, Германија од професорот Улрих Боенич.

Кедира последен пат играше за Јуветнус на 23 ноември во дуелот со Аталанта.