Непријатни вести пристигнуваат од Хрватска пред дуелот на Македонија и Грузија во Тбилиси закажан за 12 ноевмри.

По потврдата дека Зоран Мамиќ и еден играч се заразни со Ковид-19 во Динамо Загреб, медиумите од Хрватска тврдат дека има уште четворица фудбалери кои добие позитивен коронавирус тест но не се откриваат имињата на новозаразените.

Нема информација дали нашиот репрезентативец Аријан Адеми е меѓу заразените а официјална потврда ќе има утре пред натпреварот со Волфсбергер од Лигата на Европа на УЕФА.

Ако Адеми има Ковид-19 тоа значи дека ќе го пропушти соочувањето на Македонија и Грузија во битката за пласман на ЕП.