Милан е блиску до одлуката да го отпушти тренерот Стефано Пиоли, пишува Calciomercato.com.

Според овој извор, Пиоли ќе ја сочува својата работа само ако обезбеди настап во Лигата на шампионите или ако го освои Купот на Италија. Ова со Пиоли е договорено уште од почеток, кога тој се нафати да го води Милан.

Притоа, Пиоли нема да го спаси и ако обезбеди настап во Лига Европа, бидејќи ова натпреварување не носи многу пари.

Засега Пиоли не се справува со работата и екипата игра нестабилно. Серијата од седум средби без пораз создаде лажно убедување дека кризата е надмината, ама поразот од Интер врати се назад.

Засега Милан е на 10. место и од Лигата на шампионите е оддалечен цели 10 бода. Во полуфиналето, пак, од Купот на Италија, Милан треба да се сретне со Јувентус.

Инаку се зборува дека Звонимир Бобан веќе почна да ја бара замената за Пиоли, а еден од фаворитите е Ралф Рангник.