Играчот од средниот ред на Интер, Стефано Сенси го очекува нова пауза од фудбалските терени, откако по медицинските тестови му беше дијагозицирана фрактура на левото стапало.

Сенси скоро цела сезона се мачи со повреди и одигра само 12.средби за „Нероаѕурите. 24-годишниот фудбалер се повреди против Наполи во рамки на првиот полуфинален  натпревар од Копа Италија.

 

Сенси бил  на лекарски преглед во Институтот „Хуманитас“ во Розано, каде беа потврдени првичните претпоставки за повредата на стапалото.