Роџер Федерер на новата АТП листа во понеделник нема биде меѓу десетте најдобри на светот.

Легендарниот швајцарски тенисер паѓа од деветтата на 11-тата позиција откако го пропушти турнирот во Индијан Велс. Ќе го прескокнат Хуберт Хуркач и Норвежанецот Каспер Руд. Тоа ќе биде прв пат после пет години Федерер да испадне од Топ 10 и втор пат по јули 2002-ра година.

Федерер имаше две операции на десното колено минатата година. Се врати оваа сезона, одигра 13 меча, избори четвртфинале на Вимблдон и потоа ја заврши сезоната поради болки во коленото.

„Напредувам, најлошото е зад мене, а се радувам на она што ме чека. Кога се враќате после повреда, секој ден е подобар од претходниот“- изјави претходно освојувачот на 20 Гренд Слем титули.