Како што пишуваат англиските медиуми, менаџерот на Астон Вила, Стивен Џерард креирал приватен профил на Инстаграм, како на начин кој е близок до играчите би го градел тимскиот дух.

Профилот е креиран како на играчите би им бил олеснат пристапот до снимки од тренинзите, тактичките совети и мотивациските пораки од стручниот штаб. Страницата „bodymoor1“ ја следат сите членови на тимот, 35 луѓе. Медиумите шпекулираат дека објавите кои се веќе на овој профил се однесуваат на детали од мечот против Брајтон.

Џерард и сам повеќе пати има истакнато дека верува дека секојдневната интеракција на играчите е многу важна и помага тимот да функционира хармонично.

Инстаграм комунацијата е само пролжение на иновациите кои со своето доаѓање ги донесе Стивен Џерард, кој како што тврдат локалните медиуми веднаш им забранил играчите газирани сокови, слатки сосови, топло чоколадо и пудинзи.

Слични методи Џерард користеше и во Ренџерс и се чини верува дека тоа носи резултати.