Иако Сампдорија објави дека веќе нема да известува за нови заболени во екипата, информациите сепак го наоѓаат својот пат.

Нови заболени во екипата, а тоа и самите го соопштија, се дефанзивците Фабио Депаоли и Бартош Берешински.

Вчера позитивни тестови се најдени кај Омара Коли, Албин Екдал, Антонино ла Гумин и кај Мортен Торсбју.

Прв инфициран со Коронавирус беше напаѓачот Маноло Габијадини.

Освен играчи, кај Сампдорија се разболе и докторот на екипата Амадео Балдари.