Сергеј Самсоненко имал состанок со играчите во Вардар, најавил дека останува до јуни во Вардар, до почетокот на април ќе ги исплати играчите за клубот да добие лиценца и право на настап на натпреварите под покровителство на УЕФА.

Русинот им објаснил на играчите, стручниот штаб и раководните луѓе дека има финансиски проблеми, бара начин да изнајде решение и да ги исплати побарувањата.

Засега ситуацијата во Вардар е комплицирана, неизвесна, ветувања има, останува времето д апокаже дали ќе има и реализација.