Додека клубот се мачи да избори опстанок во ПМФЛ, продолжуваат преговорите меѓу моменталниот сопственик и поранешниот, ФК Вардар најверојатно ќе добие добри вести во следните неколку дена.

Ова доаѓа по информацијата дека Сергеј Самсоненко се согласил да ги исплати сите долгови направени заклучно со 31:12:2020 година а клибот да го врати во владение на Град Скопје од каде пак веќе неколку месеци бараат нов инвеститор-спонзор за ФК Вардар.

Неофицијално, можна е целокупна разврска до крајот на оваа сезона ов ПМФЛ, што значи за помалку од еден месец да бидат познати сите детали и начинот на кој Самсоненко ќе ја рализира желбата на навивачите, со чиста сметка ФК Вардар да се врати на Град Скопје.

Воедно ФК Вардар по 28 кола во ПМФЛ е на 11 место во зоната за испаѓање, викендов црвено-црните ја дочекуваат Беласица, единствената екипа со полош скор оваа сезона од тимот на Никола Илиевски Џиџи.