Сергеј Самсоненко интензивно бара решение за ситуацијата во ФК Вардар, изминативе денови е постојано на тренинзите на екипата, дал ветување дека до 15 јули работите ќе се расчистат.

Вардар ги започна подготовките, неизвесност околу финасиската ситуација има  но решение се бара. Самсоненко  на играчите  и членовите на стручниот штаб им ветил дека до средината на месецов ќе  имаат јасна слика за тоа во кој правец ќе се движи клубот , секако со исплата на побарувањата на играчите  и тренерите.

Коста Манев со сигурност отпаѓа за следната сезона, но сигурно е дека младиот Али Адем останува во клубот за новата натпреварувача кампања во домашното првенство.

Вардар на 17. јули заминува на подготовки во Словенија, во Рогашка Слатина, каде што ќе остане до 2. август. Таму ќе бидат одиграни и неколку контролни натпревари како дел од подготовките за идниот шампионат во домашното првенство.

ФОТО: ФК ВАРДАР