Легендарниот напаѓач, Самуел Ето кој со Интер ја освои легендарната тројна круна во друштво на Горан Пандев е среќен што неговиот поранешен клуб има успешна сезона во Серија А и верува дека Антони Конте ќе ги донесе до титулата.

„Интер ќе го освои Скудетото. Контe воопшто не е променет. Тој е истиот оној тренер од Јувентус и од Челси, ни помалку ни повеќе, со истатата идеја за фудбал. Драго ми е, затоа што после сите подеми и падови, во овој момент, Интер ја добива почитта која ја заслужува повторно.“ – изјави Самуел Ето.

Интер во моментов е на третото место на таблата во Серија а со 54 бода и натпревар помалку. Лацио е втор со 59 бода додека Јувентус е лидер со 60 бодови.