Сан објави сензационална вест дека сопственикот на Тотенхем, Даниел Леви ја прифатил понудата од Манчестер Сити вредна неверојатни 187 милиони евра.

Според истиот извор, Кејн во Сити би заработувал дури 470 илјади евра неделно и бил еден од најплатените играчи на светот.

Кејн веќе долго време е незадоволен во Тотенхем, најмногу поради фактот дека во дресот на Спарс е далеку од трофеи и најави дека би сакал да замине во клуб кој ќе биде конкурентен.

Според Сан, Сити успеал да ги задоволи барањата на тврдиот Даниел Леви и Кејн би требало да стане член на Граѓаните.