Алексис Санчез нема среќа, се повреди на пријателскиот натпревар со Колумбија во дресот на Чиле, мора да оди на операција која ќе го одалечи три месеци од теренот.

Консултациите околу повредата се направени во Барселона, решено е дека мора да оди „под нож“, одлуката ја донел Д-р Рамон Цугат .

Интер останува без услугите на својот напаѓач до февруари кога според проценките Санчез ќе се врати на располагање на Антонио Конте.