Манчестер Јунајтед и Интер до крајот на денот можно е да ги завршат преговорите околу најавениот договор за Алексис Санчез.

Јунајтед бара 22 милиони евра за двегодишна позајмица на Чилеанецот додека Интер нуди 4,5 милиони евра сега а 16.5 милиони евра по две години. Овае единствената пречка за најавената втора соработка меѓу овие два клуба ова лето.

Санчез се согласил на драстично помала плата откако Солскјер му најавил дека оваа сезона нема да биде стандарден во првиот тим.

Интер е во потрага по замена за Перишиќ кој премина во Баерн Минхен и во Санчез гледаат напаѓач кој може многу да придонесе во трката за што повисок пласман во Италија.