Алексис Санчез до крајот на август ќе си замине од Манчестер Јунајтед. Ова е одлуката на Оле Гунар Солскјер откако чилеанецот не успеа да го убеди дека има квалитет за да добие нова шанса во првиот тим.

Островски медиуми потврдија дека имало вербален и физички конфликт во тренинг центарот на Јунајтед, Карингтон меѓу Санчез и младата ѕвезда, Мејсон Гринвуд.

Во мешаницата биуле вклучени неколкумина играчи на „ѓаволите“ а тензијата ја смирувал Рашфорд. Причината за расправијата бил еден старт на Гринвуд над Санчез.

Тренерот на Јунајтед, Солскјер по разговорот со инволвираните во конфликтот му порачал на Санчез дека можеби е подобро да си бара нов клуб затоа што недозволиво било да се расправа со играчи кои се помлади од него повеќе од 10 години.

Санчез заработува по 500 000 фунти неделно на „Олд Трафорд“ и ова е главната причина поради која сеуште нема конкретна понуда од тимовите кои се заинтересирани за неговите услуги.

Се поврзуваше со трансфер во Интер, Милан, ПСЖ и Валенсија но за да осигура трансфер ќе мора да прифати тројно помала плата, што очигледно преставува проблем за „седумката“ на Јунајтед.