Играчот за врска на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо, скоро сигурно ќе стане фудбалер на Манчестер Јунајтед, пишува Mirror.

Според овој извор, 19-годишниот англиски фудбалер е согласен да прејде во Манчестер Јунајтед и е подготвен да ги одбие сите други понуди.

Ако зделката се реализира, Санчо ќе добива 240 000 евра неделно и ќе биде еден од најплатените фудбалери во Јунајтед.

За да го добие Санчо и да ја надмине понудата на Челзи, кој исто така претендира на младиот фудбалер, Манчестер Јунајтед е подготвен да го побие сопствениот рекорд и да плати неверојатни 140 милиони евра.

Во тековната сезона Санчо одигра 19 средби во Бундеслигата и постигна 12 гола, но имаше и 13 асистенции.