Борусија Дортмунд нема да смета на услугите на Џејдон Санчо на утрешниот натпревар со Баерн Минхен во СУперкупот на Германија, репрезентативецот на Англија има воспаление на белите дробови.

Покрај Санчо во комбинација не е и голманот Роман Бирки, двајцата имаат симптоми на коронавирус, но засега не е потврдено дали се заразени.

Бирки и Санчо имале негативен тест на Ковид-19 на последното тестирање, но клубот не сака да ризикува поради нфекцијата.

Суперкуп пресметката ќе се игра утре од 20:30 во Минхен.