Младиот англиски фудбалер Џејдон Санчо е многу среќе во Борусија Дортмунд, изјави извршниот диркетор на клубот Ханс-Јоахим Вацке.

Санчо оваа сезона постигна 14.голови и запиша 14. асистенции и подолго време е поврзуван со гигантите од Премиер лигата.

„Џејдон осеќа дека овој клуб има светла иднина. Мислам дека не сака да не напушти. Имаме одличен однос со него и неговата фамилија. Можам да кажам дека парите не се проблем“-изјави Вацке.

Санчо во тимот на „милионерите“ дојде со свои 17.години од тимот на Манчестер Сити.