Јувентус славеше против Парма со 3:1 со пресврт а Бразилецот Алекс Сандро постигна два гола за „Старата Дама“.

Крилниот бек по триумфот над Парма ги пофали неговите согирачи и посочи дека воопшто не стравувале од нов кикс во Серија А.

„Ова беше важна победа, се обидовме да дојдеме до неа уште на стартот. Штета што примивме гол толку брзо, но потоа бевме многу подобри. Според мене во второто полувреме свесни бевме дека ќе победиме. Ова беа многу важни бодови за нас.“ – изјави дефанзивецот на Јувентус.

Воедно Сандро посочи дека сите шпекулации околку Суперлигата не влијаеле воопшто по менталната сила на играчите пред почетокот на дуелот со Парма.