Mенаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола неодамна објави дека Сане е слободен да си оди, ако каже дека е незадоволен од екипата и минутажата која ја има.

Веќе англиските медиуми објавија дека менаџерот на англискиот шампион веќе и ја нашол неговата замена и тоа во фудбалер кој пред две години играше против Вардар во Лига Европа.

Според весникот „АС“, Гвардиола е подготвен да ја активира откупната клаузула на Микел Ојарзабал од 75 милиони евра од Реал Сосиедад и така да го пополни местото на Сане кој би заминал во Баерн Минхен.

Ојарзабал минатата сезона постигна 13 гола и имаше четири асистенции на одиграни 37 натпревари.