Болоња попладнево е домаќин на Рома во 4 коло од Серија А, натпреварот е закажан за 15 часот.

Напаѓачот Никола Сансоне тврди дека тој и неговите соиграчи се дополнително мотивирани за пресметката со фаворитот пред се поради упорноста на Синиша Михајловиќ и неговата животна битка.

„Неговата ситуација со болеста силно не погоди и сега има уште поголема сплотеност меѓу играчите и тренерот. Обединети сме, го сакаме нашиот тренер поради неговата чесност и искреност. Ние не се бориме за опстанок или пак размислуваме за излез во Европа, туку за нашиот Синиша Михајловиќ.“ – изјави Сансоне за Скај Италја.