Според официјалното соопштение од  болницата „Sant’Orsola“, Синиша Михајловиќ е  во задоволителна состојба по третиот циклус на хемотерапија во борбата со леукемијата.

Со помош на донор од семејството, на Синиша Михајловиќ му беше извршена трансплантација на коскена срж, состојбата по интервенцијата е добра, стои во дел од соопштението на болницата „Sant’Orsola“.

Михајловиќ се бори со леукемијата, процесот е долготраен и засега нема детали дали Србинот ја победел оваа опсана болест.