Според информациите на Marca, бразилскиот гигант Сантос побарува од Барселона 4,5 милиони евра.

Имено, од Барселона од Сантос го купи Нејмар, за 88 милиони евра во 2013 година, а во купопродажниот договор беше фиксирано дека Барселона со Нејмар ќе одигра две пријателски средби со Сантос во Бразил.

Одиграна е само една, на Купот Жоао Гампер во 2013 година.

Сега Сантос упати писмо во кое ја предупредува Барселона дека штетата е 4,5 милиони евра и дека, ако не плати во рок од пет дена, случајот ќе има судска разврска.

Во 2017 година Нејмар прејде во ПСЖ за 222 милиона евра.