Најголемата фудбалска сапуница која нема врска со трансферите се приближи до крајот, или барем доби нов заплет, кога Мауро Икарди синоќа и стави „unfollow“ на Ванда Нара.

Аргентинскиот напаѓач од ПСЖ претходно на Инстаграм престана да ги следи сите освен својата сопруга и агентка, но сака и неа ја тргна од листата.

Недолго после тоа објави фотографија со кренати раце покрај која напиша:

„Не е така лошо да се биде соло“

Се чини дека најпознатата врска во фудбалскиот свет заврши онака како што и течеше, на социјалните мрежи.

Ванда на почетокот на неделата јавно го обвини сопругот дека Икарди ја изневерил, кавгата преку медиумите и социјалните мрежи траеше неколку дена, а фудбалерот дури се закани со раскинување на договорот со ПСЖ ако таа побара развод. Со оглед на тоа дека му е сопруга и агентка, во тој случај таа би морала да плати одредена отштета на клубот од Париз.

Сапуницата се продолжи со поставување услови за враќање во ПСЖ, кој му даде неколку дена слободно поради семејни проблеми.

Се тоа го изнервира Лео Меси, кој според медиумите побарал од ПСЖ да го продаде Икарди, а дека предложил и опција за размена со Барселона, каде би заминал Икарди, а во Париз би дошол Серхио Агуеро. За Икарди наводно заинтересиран е и Јувентус.

Вчера очигледно врската пукнала откако трансродовата манекенка и актерка Гуендалина Родригез објави порака за која тврди дека и ја пратила на Нара, каде се заканувала дека ќе објави снимки и фотографии кои докажуваат нејзина врска со Икарди.