Најдобриот играч шпанската фудбалска екипа Севиља Пабло Сарабија се сели на „Паркот на принцовите“ за сума од 20 милиони евра, 18 Севиља ќе добие веднаш, а уште два преку бонуси.

Денес се открива и дека Сарабија со ПСЖ ќе потпише договор на пет години вреден вкупно 20 милиони евра, значи четири милиони по сезона.Трансферот ќе биде регистриран на 1-ви јули, односно кога ќе започне новата фискална година поради финансискиот фер плеј.

Тој во Севиља пристигна од Гетафе пред три години за само еден милион евра и во Андалузија одигра 52 натпревари и постигна 23 гола и запиша 17 асистенции.