Маурицио Сари ќе го пропушти првиот натпревар на Јувентус во новата сезона во Серија А. На фудбалскиот стратег му е дијагностицирана пневмонија и поради ова нема да биде на клупата на „Старата Дама“ за воведниот натпревар против Парма.

Италијанските медиуми потврдија дека Сари минатата недела бил посеризоно настаниат и откако не го послушал советот од лекарите во врска со неговата страстна навика, пушењето цигари, настинката прераснала во пневмонија.

Од Јувентус потврдија дека Сари има посериозна настинка и дека деновиве е на посебна терапија.

Неофицијално, Сари дневно пуши повеќе од 60 цигари и тоа е главниот проблем кој му предизвикува чести заболувања со белите дробови.