Манчестер Јунајтед сеуште бара купец за Крис Смолинг откако Рома одби да плати 20 милиони за поранешниот репрезентативец на Англија.

Островските медиуми пренесуваат дека Јувентус размислувада му го понуди Бернардески на Солскјер за да го добие Смолинг.

Централниот дефанзивец нема ништо против да остане во Италија додека Јунајтед е во потрага по ново десно крило.

Од друга страна, Бернардески не е задоволен од статусот во Јувентус па оваа трансфер размена има големи шанси да се реализира.