Јувентус синоќа беше шокиран на гостувањето кај Верона, меч на кој домаќините славеа по пресврт со 2-1. Овој пораз беше сосема неочекуван за актуелниот шампион, кој сезонава има далеку потешка задача да стигне до титулата, по одличните партии на Интер и Лацио.

Тренерот Маурисио Сари, за „ДАНЗ“ даде краток коментар по вчерашниот меч и ги лоцираше најголемите слабости на „Старата дама“.

„Очигледно дека сме различна екипа кога настапуваме на гости. Ова беше тежок меч. Знаевме дека Верона ќе притиска, и до првиот гол одлично се носевме. Тој гол го примивме по катастрофална грешка, а таквите мора да ги отстраниме ако сакаме да стигнеме до титулата“-изјави Сари.