Маурицио Сари нема да смета на Марио Манџукиќ за натпреварите во Лигата на шампионите кај Јувентус, го објави поширокиот список на него го нема Хрватот.

Сари нема да смета на само тројца играчи од вкупниот ростер, покрај Манџукиќ на листата ги нема Емре Чан и Џорџо Кјелини кој е повреден.

Манџукиќ извиси од составот поради Гонзало Игуаин кој е на листата кај Јувентус за Лигата на шампионите.

Хрватот беше желба на Баерн Минхен  и уште неколку клубови од Англија и Шпанија, сепак на крајот остана кај „старата дама“ и се чини погреши.