Антонио Касано тврди дека има проблем на релација помеѓу Кристијано Роналдо и Маурицио Сари во тимот на Јувентус.

После киксот на Јувентус против Сасуоло во кој Роналдо стрелаше од пенал за израмнување, поранешниот итајански репрезентативец Касано е убеден дека во тимот на „Старата дама“ не е се како што треба.

Мислам дека Роналдо има голем проблем со Сари“. Сè започна, откако Сари на два последователни мечеви го извади од игра. Тоа во Јувентус го знаат, но од одредена причина сеуште го кријат од очите на јавноста“-изјави Касано за „Тики Така“.

Поранешната ѕвезда на Рома, исто така, изјави дека Војчих Шчесни треба да биде оставен на клупата и тврди дека Буфон е сеуште „подобар“ голман.

Буфон треба да игра, затоа што тој е подобра опција од Шчесни. Тој во Арсенал беше резерва на голмани како  Мануел Алмунија и Лукас Фабијански. Во Рома му беше единствената добра сезона, но тоа не значи дека треба да брани пред Буфон“-изјави Касано.