Јувентус  утре се среќава со Лацио во Рим, бара победа за да ја одржи статус кво  ситуацијата на табелата.

Клубот од Торино се надева на кикс на Интер вечерва со Рома и повторно да се врати на врвот на табелата, сега е втор со бод помалку од тимот на Антонио Конте.

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари смета дека екипата има многу мотиви да се врати на врвот.

„Позицијата на Интер не мотивира, сакаме да се вратиме на врвот, Лацио има силен тим, но  ние имаме многу мотиви во Рим да дојдеме до победа“ – изјави Сари.

Јувентус е втор на табелата во калчо лигата зад Интер со бод заостанување.