Маурицио Сари размислува само за Спал, дуелот во Лигата на шампионите со Лион е во среда, оди чекор по чекор.

Тренерот на „старат дама“ не сака да брза, прво е потребна победа над Спал а потоа фокусот ќе биде насочен кон Лигата на шампионите.

Во однос на составот за утрешната средба со аутсајдерот Спал, во комбинација е и Џорџо Кјелини.

„Во моментов со сигурност не знам, можно е Џорџо да биде во составот против Спал, тој напредува многу, тренира, но засега немам донесено одлука дали ќе настапи утре“ – изјави Сари.

Јувентус утре од 18 часот му гостува на Спал, потоа во среда повторно на гости се среќава со Лион во Лигата на шампионите.