Маурицио Сари брзо се опоравува од тешката настинка, имаше пневмонија но рехабилитацијата се одвива брзо и се очекува да биде во сабота на клупата на Јувентус.

Во второто коло „старата дама“ се среќава со Наполи, тоа е клуб во кој Сари работеше во периодот од 2015 до 2018 година кога се пресели кај Челзи.

Сари инаку е роден во Неапол, никогаш не играл за Наполи во скромната кариера како играч.