Маурицио Сари тврди дека неговите фудбалери ќе мора многу да се подобрат во следните неколку месеци.

Прва на тапет е играта во одбраната но за тоа вели дека е потребно време. Јувентус со пресврт ја победи Верона со 2:1 но навивачите на „Старата дама“ не беа задоволни од изданието на нивните миленици на домашен терен.

„Не беше лесно да го свртиме резултатот во наша полза против вака добро подготвен тим. Мора да бидеме подобри во иднина.“ – вели Сари.

„На одбраната ќе и треба повеќе време за да се стабилизира. Во наполи тоа беше процес од два три месеци, во Емполи примивме 25 гола за девет меча. Наполи под мое водство беше симетричен тим, овој Јувентус е поразличен.. Во овој момент екипата не е смирена, премногу лесно ни го качува крвниот притисок, очигледно е дека ќе ни треба време за да се подобриме. “ – заклучи Сари.