Тренерот на Јувентус, Сари верува дека Пјаниќ е одличен играч и дека тој е свесен колку е важен за тимот но и покрај ова нема простор за мешање во личните одлуки.

Со ова Сари потврид дека може да се случи Пјаниќ ова лето да го промени клубот, воедно проговори за шансата Роналдо и Дибала да го носат овој тим на „Старата Дама“ напред.

„Не е лесно да ги вклопите Дибала и Роналдо во еден тим. Тие се различни профили на играчи, но секогаш може да направат разлика. Не е само до тактиката, тие мода да научат да играат заедно. Постои ризик дека целиот тим нема лесно да се адаптира на ова но мора да се обидеме. Противникот ќе има проблем ако и двајцата ги имаме во игра и се во добра корелација.“  – изјави Сари.