Жоао Сантос, агентот на фудбалерот од средниот ред на  Челси, Жоржињо, изјави дека италијанскиот интернационалец наредното лето може да се пресели во Јувентус и повторно да соработува со својот фудбалски ментор, Маурисио Сари.

Поранешниот тренер на Наполи, не крие дека Жоржињо е еден од неговите омилени фудбалер, а доказ за тоа е тоа што го доведе во Челси во периодот кога седна на менаџерското столче на „сините“ од Лондон.

Престојот на Сари во Лондон кратко траеше, а Жоржињо сеуште настапува за тимот од „Стемфорд Бриџ“. Италјанецот сезонва не е стандарден кај Франк Ламапрд, па ја разгледува можноста да се врати во Италија, а интерес за него веднаш пројави кој друг ако не Сари.