Следниот викенд, Интер ќе го пречека Јувентус во дербито на 7 коло од Серија А. Ова ќе биде соочување на двете водечки екипи во Италија во овој момент, шанса за аналитичарите да ги потврдат или да ги отфрлат прогнозите за оваа сезона околу трката за титулата.

Предводникот на Јувентус, Маурисио Сари ја започна „вербалната војна“ со неговиот колега од спротивниот табор Конте откако изјави дека по 6 кола не изгледал ниту еден натпревар на лидерот во Серија А.

„Интер не сум ги гледа оваа сезона и немам идеа како играат иако читам дека им оди доста добро. Ова секако не е изненадување со оглед на тоа кој им е тренер. Во моментов размислуваме за дуелот со Леверкузен во Лигата на шампионите.“ – изјави Сари.

Интер овој викенд славеше на гостувањето кај Сампдорија со 3:1 додека Јувентус беше подобар од Спал со 2:0.